• сабота, 06 јули 2024

Израел: Има „празнини“ во мировните преговори за Газа, но ќе присуствуваме на нови разговори

Израел: Има „празнини“ во мировните преговори за Газа, но ќе присуствуваме на нови разговори

Тел Авив, 5 јули 2024 (МИА) – Портпаролот на израелскиот премиер денеска нагласи дека остануваат „празнини“ кај Хамас за тоа како да се обезбеди прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, но Израел ќе испрати делегација за разговори со катарските посредници следната недела.

Шефот на Мосад денеска ја одржа првата рунда разговори во Доха и се врати во Ерусалим. 

„Беше договорено следната недела израелските преговарачи да отпатуваат во Доха за да ги продолжат разговорите. Се уште има празнини меѓу страните“, се вели во соопштението на портпаролот. зш/

Остани поврзан