• петок, 17 мај 2024

Буџетот за Олимпијадата во Париз ќе се зголеми поради глобалните конфликти

Буџетот за Олимпијадата во Париз ќе се зголеми поради глобалните конфликти

Париз, 29 јануари 2024 (МИА) - Директорот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека буџетот за претстојните игри може да се зголеми за да се обезбеди безбедност на спортските делегации.

- Нивото на закана редовно се ажурира, така што полицијата и безбедносните служби прават се за да ја гарантираат безбедноста на секој учесник на Олимпијадата и секој гледач што доаѓа да ја доживее магијата на натпреварот, изјави Естанге./

Според него, буџетот за безбедноста на Олимписките игри во 2024 година се проценува на приближно 300 милиони евра.

-Веројатно ќе биде многу повеќе. Безбедноста останува приоритет на Олимписките игри. Очекуваме дека ќе има и демонстрации, додаде Естанге.

Зборувајќи за важноста за безбедноста на израелската делегација, тој потсети на терористичкиот напад на Олимпијадата во Минхен во 1972 година. Тогаш загинаа 11 членови на израелскиот тим.

Летните олимписки игри во 2024 година ќе се одржат од 26 јули до 11 август во француската престолнина. Ќе се користат вкупно 36 спортски објекти, од кои 14 се наоѓаат во радиус од 10 километри од Олимпиското село кое се наоѓа на 15 минути од центарот на Париз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан