Хамилтон кажа кој би сакал да го замени во Мерцедес
- Позицијата во Мерцедес што Луис Хамилтон ќе ја ослободи на крајот од сезоната во Формула 1 е една од најжестоко дебатираните на пазарот на возачи во 2025 година.
Бракли, 17 мај 2024 (МИА) - Позицијата во Мерцедес што Луис Хамилтон ќе ја ослободи на крајот од сезоната во Формула 1 е една од најжестоко дебатираните на пазарот на возачи во 2025 година.
Откако беше објавена разделбата на Хамилтон со Мерцедес, имињата на многу возачи се поврзуваат со местото на седумкратниот шампион. Сепак, некои од нив се тргнаа од равенката откако потпишаа нови договори со нивните сегашни тимови.
Ова е случај со Фернандо Алонсо и Алекс Албон, кои ги продолжија договорите со Астон Мартин, односно Вилијамс во последните недели. Така, вистински претенденти за местото покрај Џорџ Расел остануваат двајца - Карлос Саинц, чие место во Ферари ќе го заземе Хамилтон и Андре Кими Антонели.
И пред почетокот на викендот за Големата награда на Емилија-Ромања, Хамилтон зборуваше за медиумите во Имола и го именуваше Антонели за свој претпочитан наследник. Во моментов 17-годишниот Италијанец се натпреварува во Формула 2 и прави приватни тестови со Мерцедес, во кои импресионира со своето темпо.
-Искрено, не знам какви се плановите на Тото (Волф), но да бев јас, би го земал момчето. Да беше моја работа, би се обложил на Андреа Кими Антонели, изјави Британецот.
Во однос на Карлос Саинц, Хамилтон смета дека тој е добар возач и ќе биде голема предност за секој тим.
-Тој ќе биде позитивен адут за тимот што го зема, додаде пилотот. дс
Фото: Архива