• вторник, 05 март 2024

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Во земјава лани се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи. Во однос на 2022 година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа кај домашните за 0.6 %, а кај странските за 36.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќавањата, пак, во 2023 во однос на претходната година е зголемен за 10.1 %, кај домашните за 1.4 %, а кај странските за 22.9 %.

Во декември лани се евидентирани 55 875 туристи, од кои 38.6 % биле домашни, а 61.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните, а 58.4 % од странските туристи.са/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан