• понеделник, 23 декември 2024

Британска мистериозно исчезната подморница од 1942 година пронајдена во Грција

Британска мистериозно исчезната подморница од 1942 година пронајдена во Грција

Атина, 8 јуни 2023 (МИА) - Остастоци од потонатата британска подморница „ХМС Триумф“ , што мистериозно исчезнала при воена мисија во Грција во 1942 година, за време на Втората светска војна, е пронајдена во Егејското Море.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, военото пловило е забележано „на длабочина од 203 метри во Егејското Море“ и „неколку десетици километри од брегот“ од грчкиот нуркач Костас Токтаридис и неговите колеги, кои тргнале во потрага по неа во 1998 година.

- Подморницата од 84 метри е поврзана со отпорот против нацистичката окупација во Грција и со британските тајни служби. Сите 64 членови на екипажот загинале во потонувањето. „Триумф“ заврши 20 борбени мисии од 1939 до 1942 година, појасни Токтаридис.

Последното сведоштво за подморницата го имал италијански пилот кој ја видел на 9 јануари 1942 година близу Кејп Суни, во Саронскиот Залив кај Атина. Меѓу разните верзии за причините за потонувањето на подморницата се судир со мина кај кикладскиот остров Мило, заробување од германските и италијански сили, или пак, експлозија на клунот на подморницата, според Токтаридис.

Во минатото, бројни истражувачки тимови од Малта, Русија итн. доаѓаа во Грција во потрага по остатоците од пловилото.  си/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан