Британската истражувачка и научник Џејн Гудал доби „Барбика“ по својот лик и име
- Облечена во светлокафена кошула и бермуди, со тетратка в рака и двоглед околу вратот, куклата крај себе го има и Дејвид Грејбирд - првото шимпанзо кое му пришло на приматологот.

Лондон, 12 јули 2022 (МИА) - Британската истражувачка и научник Џејн Гудал доби „Барбика“ по својот лик и име, со што ѝ се исполни долгогодишната желба да има ваква кукла којашто ќе ги инспирира младите девојки.
Компанијата „Мател“ ја претстави новата „Барбика“, за која производителот вели дека е направена од рециклирана пластика, како дел од серијата инспирација за жени, пофалувајќи ги револуционерните истражувања на Гудал за шимпанзата и напорите за нивно зачувување. Облечена во светлокафена кошула и бермуди, со тетратка в рака и двоглед околу вратот, куклата крај себе го има и Дејвид Грејбирд - првото шимпанзо кое му пришло на приматологот при истражувањата во Националниот парк Гомбе, денес во Танзанија во источна Африка.