• понеделник, 29 април 2024

Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти

Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Ресен информира дека денеска пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.

Како што е наведено во соопштението од МВР, Бојмацалиев нагласил дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак се уште од страна на Кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

- Бројката на неодобрени документи е над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем, потенцирал Бојмацалиев.

Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска беа во посета на реконструираните простории на управните служби во Одделението за внатрешни работи во Ресен. Целосната реконструкција, како што соопшти МВР, е во вредност 12.800.000 денари. дма/бак/

Фото: МВР

 

Остани поврзан