• среда, 03 јули 2024

Бостон прв финалист во НБА плејофот

Бостон прв финалист во НБА плејофот

Индијанаполис, 28 мај 2024 (МИА) – Тимот на Бостон ноќеска ја победи Индијана со 105:102 на гостински терен во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.

Ова беше четврта победа на исто толку натпревари за Селтикс во конференциското финале на Источната конференција по што обезбедија учество во големото финале.

Најефикасен играч во победничката екипа, водно и на натпреварот  беше Џејлен Браун, кој постигна 29 поени.

Противник на Бостон селтикс ќе биде победникот од двојката Далас - Минесота (3:0 по третиот меч од серијата). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан