• недела, 12 мај 2024

Борусија Дортмунд без домашен пораз на 20 последователни натпревари во Бундеслигата

Борусија Дортмунд без домашен пораз на 20 последователни натпревари во Бундеслигата

Дортмунд, 21 октомври 2023 (МИА) – Бундеслигашот Борусија Дортмунд е без пораз 20 натпревари по ред на домашен терен во домашниот шампионат.

Синоќа „црно-жолтите“ го совладаа Вердер со 1:0.

Борусија Дортмунд има 17 победи и три нерешени средби на свој терен. 

Во исто време, Борусија ја продолжи серијата голови на „Сигнал Идуна Парк“ која трае 56 натпревари, повторувајќи го својот рекорд.

Во моментов Борусија Дортмунд е лидер во поредокот во Германското фудбалско првенство со 20 бода од осум натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан