• среда, 14 август 2024

Блокирана касарната во Келн

Блокирана касарната во Келн

Берлин, 14 август 2024 (МИА) - Касарната на Бундесверот во Келн од утрово е под блокада. Полицијата, воената полиција и воената контраразузнавачка служба на Бундесверот истражуваат сомнителен чин на саботажа.

Се претпоставува дека некој провалил во касарната и ја контаминирал водата. На војниците и на цивилите во касарната забрането им е да пијат вода. Во воениот објект никој не може ниту да влезе ниту да излезе.

Во касарната во Келн сместени се неколку командни тела, како и воени и цивилни оддели на Бундесверот. Воздухопловните сили на Сојузното Министерство за одбрана исто така се во касарната, која е во непосредна близина на аеродромот во Келн.

Во касарната, која има сопствен водовод, има околу 4300 војници и 1200 вработени цивили. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан