• недела, 22 декември 2024

Челниците на Мосад и Шин Бет во Катар: Израел бара ослободување на заложниците во Газа

Челниците на Мосад и Шин Бет во Катар: Израел бара ослободување на заложниците во Газа

Тел Авив, 14 август 2024 (МИА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, утре ги испраќа шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Давид Барнеа, и шефот на безбедносната служба Шин Бет, Ронен Бар, во главниот град на Катар, Доха, за разговори со цел постигнување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, пренесува израелскиот ТВ канал 12.

Американски извор запознаен со разговорите изјави дека е планирано учество на шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Бернс. Сепак, останува нејасно дали палестинскиот Хамас ќе учествува. Хамас денеска соопшти дека нема да учествува во новата рунда преговори за прекин на огнот во Газа закажана за утре во Катар, но официјален претставник информиран за разговорите рече дека посредниците очекуваат потоа да се консултираат со палестинската група.

Посредници во овие разговори се исто така Катар и Египет, а се разгледува предлогот за договор за прекин на огнот во Газа, кој кон крајот на мај го претстави претседателот на САД, Џо Бајден. Овој предлог има широка меѓународна поддршка. ссм/

фото: архива

Остани поврзан