• четврток, 01 август 2024

Блинкен од Монголија: Сите страни на Блискиот Исток мора да избегнуваат ескалациски акции

Блинкен од Монголија: Сите страни на Блискиот Исток мора да избегнуваат ескалациски акции

Улан Батор, 1 август 2024 (МИА) – Првиот човек на американската дипломатија, Ентони Блинкен, денеска ги повика сите страни на Блискиот Исток на деескалација и итно постигнување прекин на огнот во Газа.

-Што се однесува до Блискиот Исток, регионот во моментов е на пат на зголемен конфликт, насилство, страдање и несигурност, а тоа започнува со прекин и откажување од оган, на што работиме, рече Блинкен за време на прес конференција во Монголија.

Државниот секретар додаде дека тоа подразбира двете страни прво да разговараат меѓу себе и да се воздржат од мерки кои придонесуваат за ескалацијата.

Како што направи еден ден претходно во Сингапур, Блинкен не ја коментираше директно смртта на лидерот на палестинското исламистичко движење Хамас и одби да „шпекулира“ за влијанието што неговата смрт може да го има врз прекинот на огнот во Газа.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан