• четврток, 09 мај 2024

Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел

Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел

Ријад, 29 април 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот.

Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Саудиска Арабија, Јордан и Израел, соопшти Стејт департментот.

Како што е наведено, на средбите ќе се разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците.

Се додава дека ќе разговараат и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа.

„Секретарот, исто така, ќе ја нагласи важноста од спречување на ширење на конфликтот и ќе разговара за тековните напори за постигнување траен мир и безбедност во регионот“, соопшти Стејт департментот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан