• вторник, 05 ноември 2024

Битиќи ќе учествува на конференцијата „Јавните геопросторни податоци - основа за одржливо општество“

Битиќи ќе учествува на конференцијата „Јавните геопросторни податоци - основа за одржливо општество“

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во улога на претседавач со Советот за национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) ќе има свое обраќање на конференцијата „Јавните геопросторни податоци - основа за одржливо општество“.

На конференцијата, како што информираат од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, учествуваат претставници од Катастарот на Кралството Шведска, претставници од Агенцијата за катастар на недвижности и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. сст/са/

 

Остани поврзан