• недела, 19 мај 2024

Битиќи: Домашните компании се нашиот бренд, инвестираа над половина милијарда евра што е врвен патриотски чин

Битиќи: Домашните компании се нашиот бренд, инвестираа над половина милијарда евра што е врвен патриотски чин

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Домашните компании се нашиот бренд, во изминатите години инвестираа над половина милијарда евра што, според мене, е врвен патриотски чин, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Битиќи на прес-конференција во Владата соопшти дека изминатите шест години државната поддршка за домашните фирми е зголемена за 12,7 пати, од 3,1 милион евра во 2018 година, на 39,6 милиони евра годинава. 

-Тоа во однос на нула државна помош кон нула домашни комапнии во 2017 година е споредба која нема потреба да ја правиме, потенцира Битиќи. 

Но, и компаниите, напомена, беа упорни и професионални, па и во услови на криза породлжија да работат, да инвестираат и да отвораат нови работни места.

-Домашните кмпании беа поддржани во големи кризи и охрабрени да инвестираат, да ги задржат работните места и да отворат нови. Им честитам за упорноста, професионалноста и отпорноста во последните неколку години. Вие преку ЗФПИ инвестиравте над половина милијарда евра и за мене ова е врвен патриотски чин. Заедно придонесуваме за реструктурање на домашната економија. Вие сте нашиот македонски бренд, вие сте нашата успешна домашна економија, истакна Битиќи.

Тој информира дека на почетокот на следната година се очекува да биде изгласана Националната развојна стратегија за следните 20 години.

-Тоа ќе значи дека прв пат сме постигнале консензус дека државните приорити имаат предност пред личните и партиските, рече вицепремеирот.

На прес-конференцијата, на која присуствува и министерот за економија Крешник Бектеши, Битиќи уште еднаш кажа дека одржливот рамномерен регионален развој е политичка заложба на оваа Влада, зашто секој граѓанин, како што рече, заслужува можност, шанса и едкавни услови во своето место на живеење. мч/лв/

фото: принт скрин

Остани поврзан