Беџети: Климовски плаќан од Казино Австрија со профит од над 100 милиони евра
- СООПШТЕНИЕ - Организацискиот секретар на Демократската Унија за Интеграција, Блерим Беџети, денеска откри мегаскандал со криминален договор кој што овозможува над 100 милиона евра профит за приватна фирма на државна сметка, која со години го плаќала сегашниот директор на Државна Лотарија.
4 ноември 2024
Организацискиот секретар на Демократската Унија за Интеграција, Блерим Беџети, денеска откри мегаскандал со криминален договор кој што овозможува над 100 милиона евра профит за приватна фирма на државна сметка, која со години го плаќала сегашниот директор на Државна Лотарија.
Денес сме пред вас за да објасниме една од најголемите погрешни политики каде што граѓаните се експлоатираат на сметка на богатењето на приватна компанија која што ги поттикнува политичките партии и други општествени чинители.
Имено, во 2013 година, Државна лотарија склучува договор за формирање на трговско друштво наречено Државна Видеолотарија за приредување на електронски игри на среќа, заедно со приватната компанија Казинос Аустриа во српско-бугарска сопственост.
Во ова трговско друштво, содружници со 51% се Државна лотарија на Република Северна Македонија и 49% приватната српско-бугарска фирма Казинос Аустриа.
Притоа, оснивачкиот влог на Државна лотарија на Република Македонија е непаричен влог проценет во вкупна вредност од 6.244.898 евра а се состои од:
• Право на приредување на електронски игри на среќа на територијата на Републиката и
• Екслузивно право за приредување на интернет игри на среќа во период од 2 години.
Додека, Основачкиот влог на приватната српско бугарска фирма Казинос Аустриа се состои од само 1.000.000 евра паричен влог и 5.000.000 непаричен влог.
Профитот на ова трговско друштво, менаџирано од српско бугарската фирма Казинос Аустриа е СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА до денес.
Да поедноставиме, за влог од само 1 милион евра, без согласност на Комисијата за Заштита на Конкуренцијата, на српско бугарска приватна фирма Казинос Аустриа им се овозможува монопол, со државна заштита, и профит од над 100 милиона евра.
Дополнително, во договорот за основање на трговското друштво не биле предвидени одредби за времетраење на договорот ниту за начин на раскинување на истиот.
Истотака, член 17 од договорот е целосно спротивен на член 7 став 3 од Законот за игри на среќа.
Имено, Законот ја обврзува Државна лотарија на Република Македонија при основање на такво трговско друштво, не само да има мнозинство во капиталот од најмалку 51%, туку и во одлучувањето.
Во членот 17 од Договорот е предвидено дека низа одлуки (како тие за распределба на добивката, избор на членови на надзорен и Управен одбор...) меѓу кои и Одлука за измена на договорот за основање на друштвото, се носи со 100% мнозинство на гласови на содружниците.
Со вака конципираната одредба, Државна лотарија на Република Македонија не само што нема мнозинство во одлучување а со тоа недостаток на контрола заради јавниот интерес, туку на српско-бугарската Казинос Аустриа и дава право на вето.
За да биде уште поголем скандалот, сегашниот директор на државна лотарија, бил правен советник на српско-бугарската Казино Австрија и бил на нивен платен список, заедно со негови соработници, роднини на Министер од ВМРО ДПМНЕ.
Ова покренува и други прашања.
Државата не само што ја нема зачувано доминантната позиција во одлучување, туку сега и го враќа повторно монополското право на Казинос Аустриа.
Која е економската и моралната оправданост тоа да се прави со српско-бугарската Казинос Аустриа а не самостојно со 100% државен капитал?
За само 1 милион евра паричен влог во основачки капитал, Државата и овозможува на Казинос Аустриа безконечен профит од стотици милиони евра.
Владата, во брзање да го врати и обезбеди монополот на српско-бугарската Казино Австрија, во очигледна грешка во чекори, нарачана од приватниот партнер, усвои во Собранието автентично толкување кое што вели во ставот (2) на членот 7 од Законот, дека приредувањето на лотариските игри на среќа може да се врши само од државата, односно од Државната лотарија на Република Северна Македонија.
Одредбата од ставот (3) на членот 7 во автентичното толкување вели: приредувањето на електронските и интернет игри на среќа може да се врши само од едно трговско друштво предвидено во ставот (2) на овој член, (односно од Државната лотарија на Република СевернаМакедонија ).
Трговското друштво од ставот (2) на овој член (а тоа е Државната лотарија на Република Северна Македонија), приредувањето на електронските и интернет игри на среќа може да го врши само или заедно со други приредувачи кои не можат да имаат повеќе од 49% учество во основната главнина во тоа друштво.
Ова е потврдено во одлуките на Уставен Суд број 87 од 2011 и бр.156 од 2019 како и бројните мислења на министерство за финансии и владата како и на експерската јавност
Дополнително и најскандалозно, автентичното толкување обзнани дека српско-бугарската Казино Австрија незаконски организирала интернет игри на среќа преку нивната интернет платформа 2win.mk, од 1 јануари 2017 па се до 2024 година, оштетувајќи ја државата за десетици милиони евра.
Ги повикуваме институциите да постапат.
Дополнително, граѓаните се сведоци дека ниту едно едиствено казино или обложувалница не е ниту затворено ниту дислоцирано и дека Вреди си се смести во Лотарија со заменик директор наспроти сите нивни лажни тврдења.
Затоа, државата треба, согласно законот, самостојно да ја превземе одговорноста за организација на индустријата, да не се става во заложништво на приватна компанија и да и служи како банкомат без лимит за нивен личен профит врз грбот на граѓаните и да пристапи кон затварање или дислоцирање од градовите и населените места.
Блерим Беџети, ДУИ
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.