Бејкон потпиша за Панатинаикос
- Грчкиот кошаркарски великан, Панатинаикос објави информација за постигнат договор за соработка со Двејн Бејкон.
![Бејкон потпиша за Панатинаикос](https://new.mia.mk/images/20221114011850_big_730x400_28.webp )
Атина, 22 октомври 2022 (МИА) – Грчкиот кошаркарски великан, Панатинаикос објави информација за постигнат договор за соработка со Двејн Бејкон.
Дваесет и седумгодишниот Американец потпиша двегодишен договор со Пао.
Минатата сезона Бејкон играше за Монако, со просек од 14 поени во натпреварите од Евролигата.
Во септември 2022 година Бејкон потпиша со НБА-лигашот Лос Анџелес лејкерс, но во октомври договорот беше раскинат и играчот се врати во Европа. зс/