• сабота, 11 мај 2024

Беседата „Како против пизмата“ избрана за најдобра на распишаниот конкурс од охридската библиотека во чест на Григор Прличев

Беседата „Како против пизмата“ избрана за најдобра на распишаниот конкурс од охридската библиотека во чест на Григор Прличев

Охрид, 29 јануари 2024 (МИА) - Беседата „Како против пизмата?“ на авторот под шифра: „Адет госпоари“ е избрана за најдобра на конкурсот што во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Приличев по втор пат ја распиша охридската библиотека што го носи неговото име.

На Конкурсот што за првпат се организираше на државно ниво можеа да се пријават сите млади автори од 15 до 30 годишна возраст.

Авторот на избраната беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на biblioteka_ohrid@yahoo.com

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на 6 февруари, во рамки на активностите предвидени за годинешното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан