• петок, 06 септември 2024

Бербок од Ријад ја почна турнејата по Блиски Исток

Бербок од Ријад ја почна турнејата по Блиски Исток

Ријад, 5 септември 2024 (МИА) – Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад од каде ја почнува турнејата по Блиски Исток.

Прва тема на разговор на Бербок со саудискиот колега Фејсал бин Фархан ал Сауд биле нападите врз меѓународните бродови од страна на јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Предвидено е Бербок подоцна да отпатува за Јордан каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Ајман ал Сафади, со кого ќе разговара за хуманитарните услови во Појасот Газа.

Бербок утре ќе го посети Израел. Тоа ќе биде деветта нејзина посета на Израел од почетокот на војната во Појасот Газа.

Германската министерка за надворешни работи од 7 октомври минатата година 11 пати била во официјална посета на земјите од Блиски Исток. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан