• петок, 28 јуни 2024

Белоусов: Ќе одговориме на провокациите на американските дронови во Црно Море

Белоусов: Ќе одговориме на провокациите на американските дронови во Црно Море

Москва, 28 јуни 2024 (МИА) - Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, му нареди на Генералштабот на армијата да претстави предлози како брзо да се справи со „провокациите“ на американските стратешки беспилотни летала кои оперираат над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана.

Министерството во соопштението наведе дека забележало зголемена активност на американските беспилотни летала во областа, кои, како што велат, извидуваат и собираат информации за гаѓањата со западното високопрецизно оружје што го користи Украина за напади врз руски објекти, пренесе Хина.

„Тоа го покажува зголеменото учество на САД и земјите од НАТО во конфликтот во Украина на страната на режимот во Киев“, соопшти руското МО.

„Ваквите летови ја мултиплицираат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со руски авиони, што го зголемува ризикот од директен конфликт меѓу НАТО и Руската Федерација.

Руското министерство наведува дека земјите од НАТО ќе бидат одговорни за какви било инциденти.

Во соопштението не се споменува Крим, украинскиот црноморски регион што Москва го анкетира во 2014 година, иако руските воени објекти на овој полуостров постојано се мета на украинските сили, кои користат и западни ракети. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан