Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
- Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Карпош.

Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Карпош.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од кориниците од улиците „Радишани“ и „Бел камен“ во општина Бутел, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улица „Јури Гагарин“ во општина Карпош. дма/
Фото: МИА архива