Без струја утре делови од повеќе скопски општини
- Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сарај, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Зелениково.

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сарај, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Зелениково.
-Од 06:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат делови од село Сарај - пат за село Лубин кај кафе бар Лозана, во општина Сарај, од 08:00 до 15:00 часот, дел од село Долно Лисиче реон околу надвозникот во општина Аеродром, а од 09:00 до 13:00 часот делови од „Тутинска“, „Мара Јосифовска“, „Драчевска“, „Јанко Мишиќ“, „Бранко Заревски“ во општина Кисела Вода, информираат од РЦУК.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот ќе имаат дел од потрошувачите на ул. „51“ во село Волково општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград во општина Студеничани и Зелениково, а од 09:00 до 15:00 часот, Морани општина Студеничани.
Без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат депонијата Дризла и Бато во општина Студеничани, а од 09:00 до 14:30 часот, делови од булевар „Патризански Одреди“, зграда бр.129 во општина Центар. сст/лв/
Фото МИА архива