• понеделник, 23 јуни 2025

Црковно народен собор по повод Источен Петок Балаклија утре во Делчево

Црковно народен собор по повод Источен Петок Балаклија утре во Делчево

Делчево, 24 април 2025 (МИА) - Со вечерна богослужба кај манастирот Животоприемен Источник во Делчево почнаа подготовките за утрешното одбележување на празникот Источен Петок. Како што информира епископот на Делчевско-каменичката епархија г. Марко, утре кај манастирскиот комплекс Света Богородица Балаклија ќе се одржи утринска литургија во чест на празникот, по што попладне ќе следува црковно-народен собор.

-На овој начин сакаме да го вратиме празнувањето како што некогаш било на овој манастир. Затоа по утринската богослужба, утре попладнето кај овој манастир предвидено е културно-уметничка програма со играорни групи и закуска подготвена од свештенството, информира епископ Марко.

Манастирот Св.Богородица Балаклија во минатото беше најпосетеното место за празникот Источен Петок. Поради пандемијата со коронавирусот и сплет на други околности, од 2020 година овде не се организираше црковно народен собир со културно уметничка програма и ручек за верниците.

Од Делчевско-каменичката епархија очекуваат на овој начин да се вратат верниците во кругот на манастирот како што отсекогаш било за овој празник. вс/мч/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан