Без вода утре делови од општините Гази Баба и Карпош
- Без вода утре ќе останат делови од општините Гази Баба и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Без вода утре ќе останат делови од општините Гази Баба и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Водоснабдувањето од осум часот ќе биде прекинато за корисниците на дел од улицата „Интернационални бригади“ во општина Гази Баба.
Во општина Карпош, од девет часот без вода за пиење ќе бидат корисниците на улицата „Скупи“ краци 3а, 5а и место викано „Криви Дол“. Поради дефект на улицата „Варшавска“, прекинато водоснабдување од 10 часот ќе имаат корисниците на дел од оваа улица - потегот од „Виенска“ до „Лондонска“. бд/дма/
Фото: МИА архива