• сабота, 13 декември 2025

Без вода неколку улици во Скопје

Без вода неколку улици во Скопје

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Дел од Скопје во моментов е без вода за пиење поради дефект, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Поради уличен водоводен дефект на улицата „Методија Андонов Ченто“, кај бензинската пумпа „Макпетрол“, од 15:25 часот без вода се корисниците од улиците „Алија Авдовиќ“, „Радован Ковачевиќ“, „Томас Мицер“, „Тодор Чопов“, „Сава Михајлов“, како и од населеното место „Економија“. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан