• вторник, 13 август 2024

Без вода неколку улици во Скопје поради дефект

Без вода неколку улици во Скопје поради дефект

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Поради дефект на улицата „Боривое Милошевски“ број 61, без вода се корисниците од неколку улици, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Станува збор за улиците „Боривое Милошевски“, „Вера Радосавлевич“, „Димче Милошевски“ и дел од „Перо Наков“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан