• недела, 22 декември 2024

Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Охрид, 25 септември 2024 (МИА) – Во врска со претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај упати известување до сопствениците на патнички и други моторни возила дека треба да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“.

Во текот на утрешниот ден и задутре на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, долж булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум.

Безбедносни мерки во сообраќајот задутре ќе бидат преземени и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Од СВР – Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои на посочените сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан