• петок, 05 декември 2025

Багдад ја коригира грешката: Ирак нема да ги замрзне средствата на „Хезболах“ и јеменските Хути

Багдад ја коригира грешката: Ирак нема да ги замрзне средствата на „Хезболах“ и јеменските Хути

Багдад, 4 декември 2025 (МИА) - Ирак ќе ја отстрани либанската групација „Хезболах“ и јеменските Хути од списокот со организации чии средства се замрзнати, соопштија денеска официјални претставници. Тие изјавија дека проиранските групи погрешно биле вклучени во претходно соопштение на ирачката влада, што предизвика конфузија и критики.

Официјалниот весник на Министерството за правда минатиот месец објави список со организации и групи чии средства ќе бидат блокирани. Во списокот беа вклучени и двете радикални организации.

Премиерот Мохамед Шија ал Судани изјави дека Ирак го одобрил замрзнувањето на средствата само на организации и поединци поврзани со џихадистите од „Исламска држава“ (ИД) и „Ал Каеда“, како одговор на барање од Малезија.

Тој рече дека наредил итна истрага за грешката, „за да се повикаат на одговорност виновниците“.

Ал Судани додаде дека политичките и хуманитарните позиции на Ирак во однос на „агресијата против нашиот народ во Либан или во Палестина“ се „принципиелни и не подлежат на претерување“. ссм/ми/

фото: архива

 

Остани поврзан