• понеделник, 30 септември 2024

Ајатолахот Хамнеи му честита на новиот ирански претседател

Ајатолахот Хамнеи му честита на новиот ирански претседател

Техеран, 6 јули 2024 (МИА) – Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му честиташе на реформистот Масуд Пезешкијан за победата на претседателската функција.

- Ги повикувам сите да работат заедно, рече Хамнеи, кој ја има најголемата моќ во Иран и го има последниот збор за сите државни прашања.

Хамнеи рече дека ривалството што се видело на кампањата треба да се трансформира во пријателство за доброто на Исламската Република.

Пезешкијан убедливо победи во вчерашниот втор круг од претседателските избори во кој се соочи со ултраконзервативниот тврдокорен Саид Џалили.

Шефот на моќниот корпус на исламската револуционерна гарда, Хосеин Салами, исто така, го пофали Пезешкијан, пренесе ДПА.

- Ние сме целосно подготвени да ја продолжиме и зајакнеме соработката и интеракцијата меѓу Револуционерната гарда и владата, изјави тој. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан