• сабота, 06 јули 2024

Анчелоти: Симеоне е идеалниот тренер за Атлетико Мадрид

Анчелоти: Симеоне е идеалниот тренер за Атлетико Мадрид

Мадрид, 10 јануари 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за тренерот на Мадрид, Диего Симеоне, пред натпреварот со Атлетико во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

- Симеоне е идеален тренер за овој тим. Во спротивно тешко дека ќе издржеше толку долго на функцијата. Разговаравме многу и добро се познаваме. Се однесуваме еден кон друг со почит, го цитира Анчелоти „AS“.

Симеоне е главен тренер на Атлетико Мадрид од декември 2011 година. 

Натпреварот Реал Мадрид - Атлетико Мадрид ќе се одигра вечер од 20 часот во Ријад, Саудиска Арабија.

Во второто полуфинале, утревечер се среќаваат Осасуна и Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан