• среда, 07 август 2024

Анчелоти: Време е да размислуваме за Суперкупот

Анчелоти: Време е да размислуваме за Суперкупот

Мадрид, 7 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти им порача на своите фудбалери да почнаат да се фокусираат на претстојниот Суперкуп.

„Кралевите“ кои се на турнеја во САД, ноќеска во Шарлот го победија Челзи со 2:1 во пријателскиот натпревар.

- Ми се допадна темпото на играта, игравме добро офанзивно. Имаме чувство дека тимот работи добро. Оние кои ја започнаа претсезоната на 15 јули изгледаат добро. Утре ќе се вратат оние кои не беа таму, а на 9 август сите ќе ги започнеме подготовките за натпреварот со Аталанта. Време е да размислуваме за Суперкупот, изјави Анчелоти за „Marca“.

Реал Мадрид и Аталанта ќе играат во Суперкупот на УЕФА на 14 август. Натпреварот ќе се одигра во Варшава.

Шпанскиот клуб Суперкупот на УЕФА го има освоено пет пати. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан