• петок, 28 јуни 2024

Амбасадорот Силвестри во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Амбасадорот Силвестри во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Штип, 12 мај 2022 (МИА) - Во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри. Амбасадорот Силвестри ќе оствари средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Коцева Кузмановска и со наставниот кадар и студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност. цр/лв/

Остани поврзан