Амбасадорот на ЕУ во Тирана побара албанските институции да ги спроведат одлуките на Уставниот суд
- Амбасадор на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато, на активност организирана од Уставниот суд, побара албанските институции да ги спроведуваат одлуките на овој суд и да ја бранат неговата независност на секое ниво.
Тирана, 14 јули 2025 (МИА) - Амбасадор на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато, на активност организирана од Уставниот суд, побара албанските институции да ги спроведуваат одлуките на овој суд и да ја бранат неговата независност на секое ниво.
„За време на својот говор, евроамбасадорот Гонзато ѝ удри „шлаканица“ на владата на Еди Рама, повикувајќи ги институциите да обезбедат целосно спроведување на одлуките на Уставниот суд и да ја бранат неговата независност на секое ниво, објави Ора њуз.
-Можеме да го гледаме процесот на интеграција во ЕУ не како формална вежба, туку како вистинска трансформативна можност, да постигнеме повеќе и да ги одржиме стандардите. И секој напор што го вложуваат судовите придонесува за оваа визија, нагласил тој.
Искажал благодарност до Уставниот суд и неговото раководство за активната улога во процесот на интеграција на Албанија, за "неговите континуирани напори за разјаснување на уставното толкување и за фактот дека кога се справува со сложени прашања останува отворен за повикување на правото на ЕУ и меѓународните принципи".
-Ги охрабрувам сите актери и институции да обезбедат целосно спроведување на одлуките на судот и да ја заштитат неговата независност на секое ниво, порачал Гонзато.
„Забелешката“ на Гонзато доаѓа по неколку случаи на неспроведување на одлуките на Уставниот суд од страна на албанскиот парламент.
Случајот што привлече најголемо внимание е одлуката на Уставниот суд за одземање на мандатот на пратеничката Олта Џачка.
Џачка, која е поранешна министерка за одбрана и за надворешни работи, чиј сопруг е под истрага на СПАК, се сомничи за злоупотреба на службената должност, која ја искористила сопругот да биде прогласен за стратешки инвеститор и со помош на локалните власти со фалсификувани документи му биле доделени десетина хектари земјиште кај познатото крајбрежно гратче Химара.
На настанот „Судска пракса во Уставниот суд“, претседателката на Уставниот суд, Холта Зачај, изјави дека одлуките на институцијата што ја раководи не се ниту советодавни, туку се задолжителни за спроведување.
Според неа, одлуките на Уставниот суд се задолжителни за спроведување од страна на сите структури на власта. Зачај нагласила дека неспроведувањето на овие одлуки го нарушува интегритетот на законот, го доведува во прашање Уставот и ја поткопува довербата на јавноста. вт/ссм/
Фото: Уставен суд