• петок, 28 јуни 2024

Амбасадата на САД повторно ги повика Американците итно да ја напуштат Украина

Амбасадата на САД повторно ги повика Американците итно да ја напуштат Украина
Киев, 14 март 2022 (МИА) - Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина, бидејќи континуираните руски напади, состојбата ја направија насилна и непредвидлива, пренесуваат странските медиуми. Американските државјани, кои останаа во Украина, беа советувани внимателно да ги разгледаат рутите и ризиците на патувањето, затоа што украинските патишта може да бидат пренатрупани, изложени на борбени операции, или да имаат оштетена инфраструктура поради ракетирање мостови и градови. Стејт департментот, уште во јануари, соопшти дека нема точен број на Американци во Украина, освен преостанатиот персонал на американската амбасада.бд/сд/

Остани поврзан