• сабота, 06 јули 2024

Ал Хилал понуди 300 милиони евра за Мбапе

Ал Хилал понуди 300 милиони евра за Мбапе

Ријад, 24 јули 2023 (МИА) - Ал Хилал започнал преговори за потпис на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Според инсајдерот Фабрицио Романо саудискиот клуб упати официјално барање за трансфер на 24-годишниот Французин и на парижаните им понудил околу 300 милиони евра.

 

Се известува дека се уште нема преговори со претставници на Мбапе.

 

Во петокот беше објавено дека парискиот клуб не го одвел 24-годишниот Французин на претсезонска турнеја низ Јапонија и го ставил играчот на трансфер-листа, бидејќи веруваат дека тој се договорил со Реал следното лето бесплатно да се пресели во Мадрид.

 

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до 2024 година. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.

 

Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 41 гол и направи 10 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан