Алкараз се повлече од АТП 500 турнирот во Барселона
- Третиот светски рекет Карлос Алкараз се повлече од турнирот од серијата АТП 500 во Барселона, објави прес-службата на натпреварувањето.
Барселона, 14 април 2024 (МИА) - Третиот светски рекет Карлос Алкараз се повлече од турнирот од серијата АТП 500 во Барселона, објави прес-службата на натпреварувањето.
Претходно, Шпанецот најави дека ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло (9-15 април) поради проблеми со мускулите на левата рака и грбот.
Дваесетгодишниот Алкараз има 13 титули на АТП турнирите.
Турнирот во Барселона почнува утре и ќе трае до 21 април. зс/
Фото: ЕПА