• вторник, 02 јули 2024

Алегри по триумфот над Емполи: Сега повеќе личиме на тим

Алегри по триумфот над Емполи: Сега повеќе личиме на тим
Торино, 22 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги искажа впечатоците по победата над Емполи (4:0) синоќа на натпреварот од 11. коло на Италијанскиотфудбалски шампионат. - Сега веќе личиме на тим. Соочувањето со Емполи во првите 60 минути не беше лесно, бидејќи нивните играчи постојано притискаат и често додаваат, можевме и да ја зголемиме предноста. Се подобруваме и фактот што тимот го задржа истото темпо во второто полувреме покажува дека нивото на кондиција се зголемува. Трениравме добро. Ни претстои важен натпревар, против Бенфика во Лигата на шампионите во вторник, изјави Алегри по натпреварот. Јувентус победи на втор натпревар по ред и се искачи на седмото место во поредокот во Серија со 19 бодови. Емполи е на 11. позиција со 11 бодови. зс/

Остани поврзан