• недела, 22 декември 2024

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Каљари, 20 април 2024 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички. 
На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан