• среда, 03 јули 2024

Ал-Дардари: Долгорочните трошоци за реконструкција на Појасот Газа по војната до 50 милијарди долари

Ал-Дардари: Долгорочните трошоци за реконструкција на Појасот Газа по војната до 50 милијарди долари

Женева, 2 јули 2024 (МИА) - Долгорочните трошоци за обнова на Појасот Газа по војната Израел-Хамас може да достигнат 50 милијарди долари за речиси две децении, изјави денеска директорот на Програмата за развој на Обединетите нации за арапските земји Абдала ал Дардари.

-Трошоците за реконструкција се зголемуваат експоненцијално со секој ден од војната, рече Ал-Дардари и посочи дека трошоците за итно обезбедување привремено сместување и други основни услуги по завршувањето на војната ќе изнесуваат најмалку две милијарди долари, јави Блумберг.

Ал-Дардари го нагласи ова по објавувањето на извештајот на Програмата за развој минатиот четврток, во кој се предупреди дека во Појасот Газа, проекциите за замената на уништените објекти, како што се училиштата и болниците, може да потрае со децении, и може да се соочи со „изгубени генерации“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан