• недела, 19 мај 2024

АК „Куманово“ освои 26 медали на државното првенство за сениори

АК „Куманово“ освои 26 медали на државното првенство за сениори
Куманово, 13 јули 2022 (МИА) - Атлетичарите од атлетскиот клуб „Куманово“ освоија голем број медали на Државното првенство за сениори кое се одржа викендов, на градскиот стадион во Скопје, информираа денеска од клубот.
АК „Куманово“ беше најуспешен во освојување на бројот на медали вкупно 26, од кои девет златни медали, 11 сребрени и пет бронзени медали. Воедно, по бројот на поени екипата заврши на прво место.
Поединечно златни, сребрени и бронзени медали освоија атлетичарите, Матеја Ефремовска, Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, Бранкица Марковиќ, Марија Дувлис, Ениса Тасевска, Марјан Нојковски, Даниел Јосевски, Ненад Младеновски. -Задоволни сме од успехот, се натпреварувавме во сите атлетски дисциплини, и покрај лошите временски услови во саботата. Следува период на куса пауза, по што повторно почнуваме со натпревари од септември, изјави, тренерот на АК „Куманово“, Филип Колевски. ам/дма/

Остани поврзан