• петок, 05 декември 2025

Актерот Марјан Георгиевски на фестивал на монодрама во Поградец

Актерот Марјан Георгиевски на фестивал на монодрама во Поградец

Битола, 11 октомври 2025 (МИА) - Актерот на Народниот театар од Битола, Марјан Георгиевски вечер ќе настапи на Интернационален фестивал на монодрама „Verbum Est - Është Fjala“ што се одржува во албанскиот град Поградец.

Георгиевски се натпреварува со авторската претстава „Железно небо“ во конкренција со актери од  Италија, САД, Косово, Албанија, Украина, Колумбија и Шпанија.

Монодрамата „Железно небо“, Георгиевски ја подготви заедно со Александар Димовски, користејќи повеќе алатки што ги овозможуваат театарот и филмот, создавајќи приказна за еден балканец, за неостварените мечти, за малограѓанштината и за соништата кои не можат да се остварат.

Дизајнот на звук и музиката ја подготви Александар Димовски, видео оператор е Владимир Переловски, а фотографија на плакат е на Сашо Илковски. мт/бак/

Фото: НТБ

Остани поврзан