• недела, 22 декември 2024

Адеми се сретна со претставници на Националната конвенција за ЕУ

Адеми се сретна со претставници на Националната конвенција за ЕУ

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска имаше средба со претставници од Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија, Милева Ѓуровска, Мухамед Хаљими и Никола Јазанџиски.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Адеми истакнал дека Националната конвенција за Европска Унија (НКЕУ-МК) е добра платформа која дава можност Парламентот и другите релевантни чинители да имаат активна улога која овозможува инклузивна јавна дебата за европската интеграција. 

Адеми посочил дека во насока на исполнување на крајната цел на Северна Македонија за полноправно членство во Унијата, Собранието, конкретно Комисијата за европски прашања како клучна институција која го следи процесот на пристапување, доследно ќе се раководи од својата контролна улога на овој план и во европски дух ќе продолжи да ја унапредува политиката за целосна поддршка и отвореност кон граѓанското општество.

- Оваа средба беше одлична можност и за разменување на предлози и идеи за идните заеднички активности, како и унапредување на соработката, со уверување дека во иднина ќе следат заеднички активности, се вели во соопштението. мд/бак/

Фото: Собрание 

Остани поврзан