• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Австрија ќе одвои 19,3 милиони евра за Сирија

Австрија ќе одвои 19,3 милиони евра за Сирија

Виена, 17 март 2025 (МИА) - Австрија денеска на деветтата конференција за Сирија во Брисел ќе објави доделување хуманитарна помош во вкупна вредност од 19,3 милиони евра, соопшти Министерството за надворешни работи во Виена.

Mинатата година Австрија обезбеди преку 30 милиони евра хуманитарна помош за Сирија и нејзините соседни земји.

„Главната цел што мора да се гарантира е сириското цивилно население повторно да има перспектива и дека е можен одржлив механизам за враќање на бегалците“, се вели во соопштението на австриското Министерство за надворешни работи. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан