• петок, 22 ноември 2024

Австрија го одложи отворањето на рестораните, најавени нови ограничувања

Австрија го одложи отворањето на рестораните, најавени нови ограничувања

Виена, 23 март 2021 (МИА) - Поради зголемувањето на новите случаи на коронавирус, Австрија го одложи повторното отворање на терасите на кафулиња, ресторани и барови закажано за 27 март, а регионите се подготвуваат за нови локални ограничувања, соопшти свстриската Влада. Владата во понеделникот се состана со гувернерите на провинциите за да разговара за планот за повторно отворање на терасите следниот викенд. Исклучок е малата алпска провинција Ворарлберг, каде што отворањето беше дозволено на почетокот на овој месец. - За жал, експертите нè советуваа овде повеќе да не ги намалуваме ограничувањата, изјави канцеларот Себастијан Курц, коментирајќи ја ситуацијата во повеќето провинции. Во петокот беа пријавени над 3.500 нови случаи, што е најголема бројка од почетокот на декември, кога бројот на заразени лица се намали за време на второто затворање.
Откако Австрија, и покрај големиот број случаи, ги ослободи мерките на 8 февруари и дозволи повторно отворање на помали основни продавници, ширењето на болеста предизвикана од коронавирусот постојано се зголемува. Ноќниот полициски час стапи на сила наместо целодневно ограничување на движењето. паг/
   
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан