• петок, 22 ноември 2024

Австралијците најдолго живеат во англојазичното подрачје

Австралијците најдолго живеат во англојазичното подрачје

Лос Анџелес, 26 авгyст 2024 (МИА) - Благодарение на добро организираниот здравствен систем, како и релативно малиот број на смртни случаи предизвикани од разни лекови и огнено оружје, Австралија е на прво место според очекуваниот животен век на луѓето.

Стручњакот за здравје на населението, Рејчел Вилки од Универзитетот на Јужна Калифорнија во САД и демографот Џесика Хо од Државниот универзитет на Пенсилванија ја насликаа мапата за очекуваниот животен век во земјите со високи приходи, а каде што се говори англиски јазик, и со цел да се даде пример на другите земји.

„Очекуваниот животен век во земјите со високи приходи укажува на границите на она што може да се постигне во контекст на високиот животен стандард и изобилните ресурси насочени кон подобрување на здравјето и благосостојбата“, истакнаа Рејчел и Џесика.

Тие ги споредија податоците од 1990 до 2018 година за шест богати земји од англиското говорно подрачје - Обединетото Кралство, САД, Канада, Република Ирска, Австралија и Нов Зеланд. Информациите се земени од базата на податоци за смртност на СЗО и агенцијата за виталните статистики на секоја земја. Заради споредби, земени се предвид и податоци за земјите од неанглиско говорно подрачје.

„Овие земји (англојазичните, з.п.) имаат заеднички јазик и некои културни сличности - исхрана, начин на живот итн., како и различни вредности на приходите. Сепак, овие сличности не значат дека нивните граѓани можат да очекуваат да уживаат во сличен животен век“, наведуваат авторите на истражувањето.

Така, Австралија има најдобри резултати во споредба со сите други земји, со помала смртност и кај мажите и кај жените на речиси сите возрасти, но особено меѓу 45 и 84 години. Кога станува збор за смртни случаи од циркулаторни и респираторни заболувања, рак, перинатални и вродени состојби, како и болести на менталниот и нервниот систем како што е Алцхајмеровата болест, Автралијците е во предност. Ова особено важи за австралиските мажи.

„Општо земено, Австралија нуди потенцијален модел за англофонските земји со пократок животен век, како што се САД и Велика Британија, да го следат примерот за да се намали прераната смртност“, заклучија авторите.

Канада е позната и по својот висококвалитетен здравствен систем, па жителите на оваа земја се во поинаква положба во однос на очекуваниот животен век. На трето место се жителите на Нов Зеланд и Ирска.

Инаку, последниве години, Ирска го зголеми очекуваниот животен век на жените за 6,66 години, а на мажите за 8,29 години. „Република Ирска доживеа големо зголемување во периодот од 1990 до 2018 година“, наведуваат авторите.

Во САД, очекуваниот животен век за мажите е околу 65 години, што е најнискиот животен век во овие шест земји од англиското говорно подрачје.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан