• сабота, 21 декември 2024

Абас: Палестинците се соочуваат со невидена геноцидна војна

Абас: Палестинците се соочуваат со невидена геноцидна војна

Ријад, 11 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на палестинската самоуправа, Махмуд Абас, говорејќи на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во саудискиот главен град Ријад, истакна дека Палестинците се соочуваат со „неспоредлива геноцидна војна“.

Тој ги повика САД да извршат притисок врз Израел да ја прекине својата офанзива врз Газа.

Абас рече дека на Палестинците им е потребна меѓународна заштита поради израелските напади.

„Америка е одговорна за тоа што нема политичко решение за блискоисточниот конфликт. Ќе ги гониме воените злосторници пред меѓународните судови, а Соединетите Американски Држави ќе бидат одговорни за неуспехот да се реши кризата“, рече Абас. ссм/

фото: ДПА/Канцеларија на палестински претседател

Остани поврзан