• понеделник, 23 декември 2024

АА: Анулирањето на седницата на Постојаната анкетна комисија го сметаме како навреда на правото и логиката

АА: Анулирањето на седницата на Постојаната анкетна комисија го сметаме како навреда на правото и логиката
Скопје, 5 април 2022  Не сум правник, но шокиран сум и за навреда на правото и логиката го сметам дописот на претседателот на парламентот со кој ме информирате дека ја анулира седницата број.4. на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот! Причините кои ги споменува г. Џафери е во „несогласноста“ на предложените точки од дневениот ред со Уставот , Деловникот и Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието. Претедателот тврди дека точката бр. 1 од предложениот дневен ред, насловена како „ Претставка од граѓанинот Мухаедин Бела, поднесена од пратеникот Халил Снопче, не е во согласност со член 123 од Деловникот на Собранието, како и со член 2, став (8) од наведената Одлука, во која се утврдува дека работните тела, односно Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот не можат да имаат, односно да врашат истражни или други судски функции. Додавате дека „ предложените точки од дневниот ред не се во согласност со членот 8 од Уставот, во кој е утврдено дека една од темелните вредности на уставниот поредок на државата е поделбата на власта на закондавна, извршна и судска. Ме уверувате дека, според член 185 од Деловникот, „Собранието може да претресува, меѓу другото, информации доставени од овластени предлагачи“, по што, коментирате дека „ истите треба да бидат поднесени до претседателот на Собранието, за тој да ги достави до пратениците, по што, ќе може да се претресуваат на работните тела и на Собранието! На крајот, заклучувате: „ свиканата седница, со покана на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на Граѓанинот, СЕ ПОНИШТУВА! Сметам дека ова е прв пат во историјата на нашето собрание да од страна на претседателот на собранието да се анулира седница свикана од страна на претседател на работно тело. Имало случаи да претседателот поради различни причини да свикува, но никогаш не се случил да анулира седница на работно тело. Пред да ја свикам седницата, добив жалба упатена до мене како претседател на комисија, зошто не сум процесирал претставка на граѓанин. Бидејќи немав никаква информација за претставката се обратив до секретаријатот со барање за објаснување за да можам да одговарам на граѓанинот. Не добив никаков одговор. Значи решиле да го игнорираат претседателот на работното тело. После тоа повторно писмено му се обратив до претседателот на парламентот со исто барање. Повторно никаков одговор. Во недостаток на комуникација и објаснување, ја повикав странката и истиот ме информираше дека два пати ја има поднесено претставката и не добил никаков одговор од службите. Затоа решив да свикам седница за оваа претставка плус и две други точки, т.е. информации за состојбата со модуларната болница и автобуската несреќа во Бугарија каде што сметам дека има еклатантно нарушување на човековите права и слободи. Но за жал г. Џафери решил да ја суспендира закажаната седница од мојата страна. Почитуван претседателе, дозволете да Ве упатам на правото и правната логика. Најпрво, ВО УСТАВНИ РАМКИ, ПРВА темелна вредност на уставниот поредок се: „основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право и утврдени со Уставот“ (член 8, став 1, алинеја (1) од Уставот. Потоа, „ Собранието основа постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата“ (член 76, став (4). Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции. ВО рамките на ДЕЛОВНИКОТ, членот 18, став (4) утврдува дека: „ Со одлуката за основање на работни тела и на анкетните комисии, се утврдуваат делокругот и бројот на членовите. Напоменувам дека Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и првата, не случајно е ЕДИНСТВЕНАТА КОМИСИЈА СО УСТАВЕН СТАТУС! Тој, се разбира, кореспондира со водечката позиција на слободите и правата како темелна вредност на уставниот поредок, но и како ПРОТИВТЕЖА И ГРАНИЦА на власта! Впрочем, власта не постои за себе и заради себе, туку заради ГАРАНТИРАЊЕ, ОСТВАРУВАЊЕ и ЗАШТИТА на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Според Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието, „Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ги разгледува прашањата што се однесуваат на : - Начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите од Уставот, законите и другите прописи и акти од значење за остварување и заштита на слободите и правата на граѓанинот; - Укажување на потребата од донесување на закони и други прописи и акти заради поцелосна заштита на слободите и правата на граѓанинот; - Следење, разгледување и анализирање на остварувањето на ратифицираните меѓународни акти кои ја регулираат заштитата на слободите и правата на граѓанинот; - РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОПИСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И ЗАЗЕМАЊЕ СТАВОВИ ПО ИСТИТЕ; - Соработка со научни и стручни организации од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот; соработување со соодветни странски и меѓународни тела од областа на заштитата на слободите и правата на граѓанинот и - Други прашања што се однесуваат на заштитата на слободите и правата на граѓанинот. КОМИСИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ВРШИ ИСТРАЖНИ И ДРУГИ СУДСКИ ФУКЦИИ. НАОДИТЕ НА КОМИСИЈАТА СЕ ОСНОВА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЈАВНИТЕ ФУНКЦИИ! “ Почитуван претседателе, ВЕ ПРАШУВАМ во врска со првата „изјава/констатација“, според која: „СЕ ПОНИШТУВА СЕДНИЦАТА Бр. 4“ (!?): 6. Правите ли разлика меѓу закажана седница со дневен ред и одржана седница? 7. Како може да се поништи седница, не само правно, туку и фактички, а згора и не одржана? 8. Каде го наоѓате правниот основ за овој, како што велат правниците, правно непознат чин/феномен? 9. Зарем мислите дека сте Уставен суд, па имате право да поништувате и укинувате акти, па дури и дејствија, преземени или со намера да бидат преземени, обидувајќи се да ја вратите состојбата ex tunc (назад) ? 10. Заборавивте ли дека сте само ПРВ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ, дека Собранието не е ваша сопственост и дека не смеете да постапувате според максимата: „Собрание - тоа сум јас“! Почитуван претседателе, во врска со втората „ изјава/констатација“ , со која тврдите дека точката бр. 1 од предложениот дневен ред , односно мојата информација, во врска со претставката на граѓанинот Мухаедин Бела не е во согласност со член 123 од Деловникот и со член 2, точка 8 од Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието, во која се забранува Постојаната анкетна комисија да посега по истражни или други судски функции, дозволете да ВИ УКАЖАМ дека: 2. Воопшто немав и немам намера да практикувам истражни или други функции, како што вие ми импутирате, туку, како што прават сите други слични тела во парламентите во регионот, во европските држави, но и пошироко, одговорно и темелно, во рамките на Комисијата, да покренам разгледување на претставката, со должно пратеничко внимание. Се разбира, субјекти на темелната анализа ќе бидат надлежните политичари, но и други одговорни субјекти, именувани или избрани од нив, односно нивната улога во загрозувањето на слободите и правата на граѓанинот кој се обрати до нас, но и на други граѓани кои се нашле во крајно незавидна положба, не по своја вина, туку поради негрижа на оние кои морале да се грижат за нивното здравје како за своето. Се разбира, нашите наоди МОЖЕ ДА БИДАТ ОСНОВ за ОТВОРАЊЕ ПОСТАПКА за одговорност! Случајот го презентирав на Меѓународната конференција во рамките на ХУГЕН мрежата, одржана во Скопје, каде ми беше сугерирано да го поканам народниот правобранител, кој во сите случаи пред иста/слична комисија во многу парламенти, редовно присуствува. 3. Согласно член 122, став (1), се разбира може да побарам(е) податоци и информации од органите на државната управа и од други органи и организации. Исто така, во рамките на ставот (2) на истиот член, Ви укажувам дека Комисијата, како постојано работно тело може да покани научни , стручни и јавни работници и претставници на општината, а во иднина и на други општини, јавни претпријатија, синдикати, други организации, институции и здруженија, заради изнесување и разгледување на прашањата што се разгледуваат на седницата на Комисијата. Почитуван претседателе, демократски проблематично, во цензорски дух, но и правно несоодветно е да се повикувате на членот 185 од Деловникот, насловен како : „Претресување на анализи, извештаи, информации и други материјали“, според кој: (4) Собранието може да претресува анализи, извештаи, информации и други материјали што се доставени од Владата и други овластени предлагачи. (5) Собранието може да претресува информации доставени од Владата до пратеникот по негово барање , доколку пратеникот тоа го предложи. (6) Претресот по материјалот од ставовите (1) и (2) на овој член, по правило, завршува со донесување на заклучок! Почитуван претседателе, да ви укажам на искуствата со комисиите за заштита на слободите и правата на граѓаните во парламентите во регионот, а да не говорам за европските, особено оние со долга парламентарна традиција. Тие бележат интензивна и фреквентна активност, што говори за нивниот демократски капацитет. Очекував ВИЕ да ме подржите во оваа хумана и демократска парламентарна мисија, наместо да ме опструирате. Да заклучам: „ПОНИШТУВАЊЕТО“ на свиканата седница што го промовирате е ПРАВНА НЕБУЛОЗА. Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците Алијанса за Албанците ______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан