• недела, 22 декември 2024

 Руте: Важно е Путин да не ги оствари своите цели во Украина

 Руте: Важно е Путин да не ги оствари своите цели во Украина

Брисел, 19 ноември 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин не смее да ги оствари своите цели во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод илјада дена од почетокот на руската офанзива.

- Зошто е клучно Путин да не ја постигне својот цел? Бидејќи во спротивно, ќе имаме зајакната Русија на нашата граница, која ќе добие поголема моќ и капацитет за интервенција, рече Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека е „апсолутно уверен дека Русија тука нема да запре“.

- Русија претставува директна закана за сите нас на Западот, истакна генералниот секретар на НАТО. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан