• недела, 05 мај 2024

Обвинителството во Подгорица отвори предмет против Мило Ѓукановиќ

Обвинителството во Подгорица отвори предмет против Мило Ѓукановиќ

Подгорица, 26 април 2024 (МИА) - Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет во врска со интервјуто на поранешниот претседател на Црна Гора и ДПС Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за интервју за Радио Антена М од Подгорица, во кое Ѓукановиќ последните апсења на неговите најблиски соработници ги нарече политички реваншизам и го спореди со крвна одмазда.

По детална анализа на интервјуто, Вишото државно обвинителство по потреба ќе преземе и други мерки и дејствија со цел да донесе одлука за евентуално сторено кривично дело, информираат за црногорските медиуми од Вишото обвинителство во Подгорица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан