• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Три лица загинаа во израелски напад во јужен Либан

Три лица загинаа во израелски напад во јужен Либан

Бејрут, 27 март 2025 (МИА) - Три лица загинаа денеска во израелски напад врз возило во Јохмор ал Шафик во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската војска соопшти дека се идентификувани неколку терористи на Хезболах кои пренесувале оружје во регионот Јочмор, во јужен Либан, и додаде дека „на мета биле терористи“ од исламистичкото либанско движење поддржано од Иран.

Претходно денеска, либанска новинската агенција јави дека едно лице загинало, а друго е повредено во напад на „непријателски дрон“ чија цел била возило во градот Маруб, на околу 20 километри од границата со Израел, во областа Тир.

Со Договорот за примирје од 27 ноември заврши двомесечното отворено војување меѓу израелската војска и Хезболах, кој отвори фронт против Израел во знак на солидарност со палестинското исламистичко движење Хамас, на почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година. И покрај примирјето, Израел редовно извршува напади врз Либан, каде, како што наведува, ја чува целосната слобода на своето воено дејствување.

Според израелската војска, овие напади се насочени кон инфраструктурата на Хезболах и нејзините членови. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан